HomeДЕНЕШНАПолитикаПопоски дипломатски одговори за „незрелоста“ за решавање на името

Попоски дипломатски одговори за „незрелоста“ за решавање на името

Никола Попоски, министерот за надворешни работи, на дипломатски начин возврати на обвинувањата на неговиот грчки колега дека условите во Македонија не се „созреани“ да се постигне компромисно решение иако според грчките црвени позиции тоа би значело прифаќање на ултиматум за промена на државното име.

nikola poposki

„ЕУ не инсистира, како во сите други процеси на проширување, дека овие билатерални теми мора да се решат во преговорите за проширување. Сите земји-членки на ЕУ треба да се согласат дека треба да ги почнеме преговорите за проширување. Тоа би било позитивен стимул за двете страни. Но, сега сме оставени надвор и нема надеж. Ако во ситуацијата се повикаме на тоа да се најде прифатливо решение за сите страни, тогаш тоа е како да затворите два волци и едно јагне во иста просторија и да им речете: се обидуваме да ви најдеме замено прифатлив предлог за вечера“, посочи Попоски за австриски Стандард.

Попоски возврати дека Грција во состојбата во која се наоѓа со бегалската и финансиската криза не може да се фокусира на изнаоѓање на решение за деценискиот спор за името на Македонија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com