HomeАНТИСТРЕСХороскопПонеделнички хороскоп – еве како ќе ви започне неделата

Понеделнички хороскоп – еве како ќе ви започне неделата

Овен
Многу убаво ќе се чувствувате. Настојувајте што подобро да ги искористите поволните аспекти. Дружете се со луѓето, бидејќи тоа ве освежува и ви дава сила. Енергетски ќе се чуствувате добро и само малку работи ќе ве заморуваат. За сите кавги во семејството вие ќе пронајдете одлично решение.

Бик
Ќе бидете разочарани од една ваша блиска личност. Бидете потрпеливи и внимавајте како настапувате. Не ги запоставувајте работно-финансиските проблеми, бидејќи можат да се зголемат. Сентиметалните односи ви се одлични и ве очекува ден исполнет со љубов и разбирање.

Близнаци
Вашите колеги денеска ќе се обидат да извлечат нешто од вас и на слободен ден, но вие не знаете секогаш да кажете не. Сега е добро време да го научите тоа, бидејќи веќе никогаш нема да имате мир. Бидете пристојни и внимателни, но и одлучни по потреба. Може да добиете повик од далечен роднина со кој не сте се слушнале долго време. Уживајте во разговорот.

Рак
Денеска можете да талкате во светот на фантазијата, магијата и волшебниците. Замислете се себе дека сте во центарот на случувањата во најубавиот фустан на тронот. Обрнете малку внимание на симболите и деталите кои можат да ве поврзат со вистинските работи во животот. Вашата фантазија сака нешто да ви каже.

Лав
Веќе подолго време сте многу зафатени, професионално и приватно, па сега сакате и романтични средби и случувања. Ако во моментов сте о врска немојте да го заборавите партнерот и посветете му доволно време. Ако сте сингл, денеска можете да биде денот на судбоносна средба. Љубов на прв поглед е возможна и тоа со некој стар пријател.

Девица
Денеска ќе размислувате како да заработите дополнителни пари за некои свои работи или амбиции. Веројатно се ќе биде во врска со вашата подобра половина или некој многу добар стар пријател. Пазаете кога ќе одите низ трговските центри бидејќи ќе бидете подложни на импулсивно купување за другите и себе.

Вага

Денеска можете да добиете порака од далеку. Ситуацијата околу сето тоа може да биде прилично необична. Може да ве изненадат некои роднини и пријатели за кои ќе организирате голема забава. Тоа се би можело да биде многу корисно за вас, но не смеете да се преоптоварите. Внимавајте на здравјето.

Скорпија
Посебно страствени ќе бидете денеска. Одличното разположение ќе ве зближи со партнерот. Бидете подготвени за одличен ден. Оптимизмот ќе зрачи од вас. Ќе се чувствувате сигурно и пријатно покрај саканата личност. Уживајте!

Стрелец
Брат, сестра или блиска роднина ќе ви се јави денеска. Тоа е одлична прилика да поправите некои стари расправии кои сте ги имале со оваа личност. Емоциите ви се многу јаки и затоа бидете внимателни наместо да ги решите проблемите да не започнете некоја нова кавга. Можете да почувствувате и голема потреба за шопинг. Контролирајте го нагонот да не влезете во длабоки долгови.

Јарец
Договорот со пријателите кои ги имате за денеска веројатно може да биде одложен и тоа вас ќе ве загрижи. Ќе ви биде тешко да добиете идеја за да тргнете во акција. Луѓето околку вас ќе ви ја отежнуваат стресната ситуација па ако можете одложете ги задаците кои ги имате. Дишете длабоко и соберете ја целата енергија која ја имате.

Водолија
Љубовните односи со партнерот може да ве однесат на ново ниво во вашата врска. Планетарната енергија ќе ве зближи повеќе во секоја смисла. Поминете го време само со саканата личност, без пријателите. Уживајте во се што поседувате.

Риби
Планетарната енергија може да ви даде дополнителна креативност и начин на изразување. Можете да почувствувате голема потреба за сликање, пишување, фотографирање или нешто слично. Денеска сакате да бидете сами со себе и својата уметност. Ова може да го повреди вашето семејство. Не се грижите за другите и денеска денот посветете си го само на себе.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com