HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПол Томас Андерсон го режираше новиот спот на „Radiohead“

Пол Томас Андерсон го режираше новиот спот на „Radiohead“

Познатиот американски режисер пет пати номиниран за Оскар, Пол Томас Андерсон, режираше уште еден спот за британската група „Radiohead“, а станува збор за нумерата под назив „Present Tense“. За Андерсон ова ќе биде веќе втора соработка со овој бен, бидејќи од претходно го режираше спотот за нивната песна „Daydreaming“.

Спотот за песната „Present tense“ Андерсон го режирал користејќи се со видео-снимки од нивниот концерт во Тарзани, Калифорнија. И двете песни се наоѓаат на истиот албум „A Moon Shaped Pool“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com