HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПол Сајмон: Повеќе не ме интересира Шоубизнисот

Пол Сајмон: Повеќе не ме интересира Шоубизнисот

Откако во текот на изминатите шест децении изгради светска кариера, Пол Сајмон вели дека можеби е време да се збогува од музиката. Во интервјуто за „The New York Times“, 74-годишниот музичар вели дека се приближува кон крајот на својата кариера која како тинејџер ја започнал со Арт Графункел. Сајмон вели дека тој завршил со музиката и дека е време да се запознае со другите убавини кои му ги нуди животот.

„Шоубизнисот повеќе не ме интересира“, вели Сајмон. Сајмон веќе неколку месеци се наоѓа на американска турнеја во рамките на која го промовира својот нов албум „Stranger to Stranger“, за кој доби одлични критики. Тој се подготвува и за европска турнеја на есен.

„Ќе видам што ќе се случува и ќе се препуштам на времето“, изјави музичарот. „Сакам да видам кој сум. Дали како личност ме дефинира она што сум го работел. Ако одговорот е потврден, морате да се создавате од почеток“, вели Сајмон и вели дека не се плаши од тој предизвик.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com