HomeДЕНЕШНАПолитикаПолицијата во Битола веќе три дена го чека решението за куќен притвор на Талевски

Полицијата во Битола веќе три дена го чека решението за куќен притвор на Талевски

Решението за куќен притвор на Талевски веќе три дена не може да стигне до полицијата во Битола. Портпаролот на секторот за внатрешни работи Битола во телефонски разговор вели дека решение за куќен притвор од Скопје не е добиено и затоа полицијата до сега нема преземено никаква акција за пронаоѓање на градоначалникот.

Судот тврди дека решението е пристигнато и дека од нивна страна се превземени сите навремени мерки за известување на полицијата и странките во постапката за одлуката на тројцата судии од Кривичниот совет. Кривичниот совет на повисокиот суд треба да ја донесе конечната одлука дали градоначалникот Талески летото ќе го помине дома или ќе се врати првата одлука на судија од претходна постапка да му биде одземен само пасошот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com