HomeДЕНЕШНАСветПолицаец се казнил самиот себеси бидејќи не носел појас за спасување!

Полицаец се казнил самиот себеси бидејќи не носел појас за спасување!

Бидејќи не го носел задолжителниот појас за спасување за време на полициска патрола на море еден полицаец во Норвешка се казнил самиот себеси со парична казна. Полицаецот Арне Ставнес бил прикажан во норвешките весници на фотографија како стои во полициски брод за време на патрола околу островот Утоја, 38 километри од Осло.

Неколку читатели ја коментирале фотографијата забележувајќи дека Стивенс не носи појас за спасување кој во Норвешка бил задолжителен на бродовите помали од осум метри во должина. За да ги спречи критиките, полицаецот објавил фотографија со казна од 58 евра која си ја издал самиот себеси.

Според едно истражување направено во 2015 година, дури 80 отсто од Норвежаните имаат доверба во својата полиција.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com