HomeДЕНЕШНАСветПолицаец одби да се поздрави со претседателот и премиерот на Франција

Полицаец одби да се поздрави со претседателот и премиерот на Франција

Францускиот претседател изутринава претседаваше со свеченоста на која им се оддаваше почит на убиената полициска двојка во парискиот регион, убиства за кои одговорноста ја презеде терористичката организација „Исламска држава“, се случи мал инцидент, кој фрли дамка на свеченоста, јавува дописникот на МИА од Париз.

Кога Франсоа Оланд изврши смотра на полициските трупи и се поздрави со присутните личности во првиот ред, еден полицаец, на патерици, одби да се се поздрави со него. Претседателот изненаден од гестот, продолжи да се поздравува со другите присутни.

Но, затоа пак, на премиерот Мануел Валс не му се допадна гестот. Кога полицаецот во цивил, одби да се поздрави со него, тој застана и очи в очи размени неколку зборови. Засега француските медиуми ја немаат верзијата на премиерот.

Но запрашан пред камерата на телевизијата ТФ1, полицискиот функционер кој работи во Ман-ла Ќоли, изјави:
– Има многу проблеми во полицијата. Ние имаме 3 автомобили за 40 (полицајци), што да правиме со ова? Ни е дојдено преку глава! Бараме дела“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com