HomeДЕНЕШНАСветПокемони се ловат и во Индија

Покемони се ловат и во Индија

И покрај тоа што видео-играта „Pokemon go“ се уште официјално не е пристигната во Индија, гејмерите на големо уживаат во оваа апликација благодарејќи на приватните интернет мрежи. Многу љубители на планетарно популарниот лов на мали чудовишта успеале да ја преземат апликацијата користејќи приватни интернет мрежи и правејќи профил во американските и британските „онлајн продавници“. Тоа им овозможило од своите домови виртуелно да шетаат по улиците на Њујорк и Лондон.

Во Њу Делхи и Мумбаи се организирале и собири на кои стотици граѓани заедно ловеле покемони. Меѓу нив се наоѓал и 21-годишниот студент на дизајн Сидхант Тијаги кој вели дека успеал да улови четири почетни покемони што е услов за продолжување на играта. Тој и неговите пријатели дневно поминувале по околу четири часа играјќи ја оваа игра барајќи ги покемоните по паркови и други знаменитости кои се најчеста локација каде се „кријат“ малите чудовишта.

„Не морам да чекам да дојде нов ден за да отидам во Централ Парк како жителите на Њујорк, можам да играм колку сакам“, вели Тијаги.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com