HomeДЕНЕШНАСветПокемоните „исфрлени“ од Меморијалниот парк во Хирошима

Покемоните „исфрлени“ од Меморијалниот парк во Хирошима

Меморијалниот парк во Хирошима, посветен на жртвите од американскиот нуклеарен напад во 1945 година, беше тргнат од мапата на популарната игра „Pokemon Go“, соопштија јапонските функционери. Компанијата „Ниантик“, творец на оваа игра, се договори со властите во Хирошима за овој Меморијален парк да биде тргнат од мапата на оваа игра.

Властите во Хирошима упатиле бројни критики до творците на оваа игра, наведувајќи дека Меморијалниот парк во тој град е место каде луѓето доаѓаат да се помолат за жртвите, а не да „ловат“ Покемони. Паркот посветен на жртвите од експлозијата на атомската бомба беше ставен на мапата на оваа игра кон средината на јуни, недолго откако овој гејмерски хит стана популарен и во Јапонија.

Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон исто така беше избришан од мапата на играта „Pokemon Go“. Играта ги користи „Гугл“ мапите и паметните телефони за лов на виртуелните покемони и стана вистински хит во сите земји ширум светот во кои е достапна за играње.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com