HomeДЕНЕШНАСветПокемоните дел од изборните кампањи на Трамп и Клинтон!

Покемоните дел од изборните кампањи на Трамп и Клинтон!

Со цел да привлечат што е можно повеќе гласачи на своја страна, претседателските кандидати во САД Доналд Трамп и Хилари Клинтон ја користат видео-играта „Pokemon Go“, која стана вистински хит во целиот свет. И Самата Клинтон неодамна изјави дека таа и нејзиниот изборен штаб сакаат да ја искористат популарноста на оваа игра за привлекување на избирачи.

„Не знам кој ја создаде играта „Pokemon Go“, но се обидува да откријам како можеме да ја искористиме за да ги доведеме играчите до избирачките места“, изјави Хилари Клинтон.

Играта „Pokemon Go“, која ја произведе „Ниантик Лабс“ во соработка со „Нинтендо“ и неговиот огранок „The Pokemon Company“, ги поттикнува играчите на оваа игра да одат во потрага по виртуелни ликови кои се „сместени“ некаде во реалниот јавен простор .Апликацијата е преземена повеќе од 75 милиони пати, мошне е популарна меѓу младите и со помош на неа може да се лоцираат други играчи.

Ниту кампањата на Трамп не ја пропушта оваа шанса преку оваа игра да си ја зголеми популарноста. Облакодерот „Трамп тауер“ во Њујорк е популарно место за играчите на „Pokemon Go“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com