HomeДЕНЕШНАРегионПокемоните во Босна се „кријат“ на мински полиња

Покемоните во Босна се „кријат“ на мински полиња

Глобалниот феномен на играта Pokemon Go во Босна и Херцеговина доби бизарна димензија, затоа што локалните играчи во потрага по виртуелните суштества буквално го ризикуваат нивниот живот, јавија локалните медиуми.

Хуманитарната организација „Посавина без мини“ предупреди дека добива се повеќе известувања дека играчи на „Покемон Гоу“ влегуваат и во минските полиња, игнорирајќи ги јасно истакнатите предупредувања дека тој реон е опасен по живот, наведува бањалучкиопт весник „Независне новине“.

– Се молат сите граѓани да не го прават тоа, да ги почитуваат поставените знаци за опсност од мини и да не одат во подрачје кои не им се познати, се наведува во предупедувањето објавено на Фејсбук страницата на организацијата „Посавина без мини“, чие седиште е во Брчко.

Босна и Херцеговина важи за држава каде има најмногу поставени мини во Европа, заостанати од времето на војната од 1992 до 1995 година.

Според последните податоци, повеќе од 1.100 квадратни километри, односно 2,3 отсто од територијата на БиХ, се сметаат за површина каде постојат сомнежи дека има нагазни мини. Таквата состојба ја загрозува сигурноста на повеќе од 55.000 лица, што е 15 отсто од вкупното население на БиХ. Од 1996 година, па досега, при експлозии на нагазини мини поставени во текот на војата во БиХ, загинаа 604 лица.

Потрага по Покемони стана мегапопуларно и во БиХ и привлекува се повеќе луѓе, воглавно млади.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com