HomeДЕНЕШНАРепубликаПознат идентитетот на сите загинати во авионската несреќа на „Пајперот“

Познат идентитетот на сите загинати во авионската несреќа на „Пајперот“

Во вчерашната авионска несреќа на малиот патнички авион „Пајпер“ загинати се сите од кои пет мажи и една жена. Остатоците од авионот беа пронајдени кај велешкото село Кожле, а од МВР потврдуваат дека авионот требало да слета во Скопје патувајќи од Приштина.

Италијанските и косовските медиуми ги објавија имињата на загинатите. Со авионот управувал пилотот Франческо Монтањер кој бил претседател на аеро-клубот во Тревизо. Во авионот се наоѓале и потпретседателот на клубот Дарио Бастасин, како и Лука Дале Муле, италијанката Илариа Берти, косовецот со италијански пасош Висар Бегај, како и неговиот брат Ф.Бегај. Браќата Бегај инаку се и познати бизнисмени.

„Пајперот“ полетал во група со уште три мали авиони како дел од авио клубот во Тревизо, Италија а сличен авио клуб требало да се отвори и во Приштина. На приштинскиот аеродром немало гориво какво што е потребно за авионот Пајпер, па морал да слета во Скопје, а потоа да го продолжи летот.

Цивилните воздухопловни власти, како и Јавното обвинителство ќе спроведат истрага за да утврдат како се случила оваа голема авинска несреќа, една од најкрвавите во Македонија во последната деценија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com