HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПознат идентитетот на полицаецот од Куманово, убиецот бил психички растроена личност

Познат идентитетот на полицаецот од Куманово, убиецот бил психички растроена личност

Триесет и тригодишен Е.Б. од кумановската населба Средорек вчера околу 22:30 часот го извршил убиството на полицискиот службеник, триесет и шестгодишниот Горан Станишевски од кумановската населба Карпош, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во соопштението на МВР стои дека синоќа во 21.30 часот, од Итна медицинска помош во Куманово пријавиле дека во населба Средорек во куќа сопственост на М.Б. имало физички напад во кој синот.Е.Б (1983) ги повредил неговата мајка Р.Б и сестра Е.Б. Тие, со возило на Итна медицина помош биле префрлени во општа болница Куманово.

Двајца припадници на полициската станица Куманово се упатиле во болницата за да разговараат со повредените,по што било констатирано дека станува збор за лице кое е со нарушено психичко здравје и оти во моментот бил многу агресивен.

– Полициските служебници добиле насоки да асистираат на Брза помош за обезбедување и спороведување на Е.Б до соодветна здравствена установа. Со оглед дека станувало збор за лице со нарушено психичко здравје, била упатена уште една група за интеревнција од двајца полициски службеници. Кога полицајците пристигнале до куќата, таткото на Е.Б. им кажал дека синот е внатре.Полицијаците влегле во куќата и забележале дека Е.Б има нож, по што за да не повреди некого, почнале да се повлекуваат. Во моментот на повлекување полицаецот Г.С бил прободен со нож, стои во соопштението на МВР.

Со возило на Итна помош тој бил префрлен во кумановската болница,каде и покрај пружената помош им подлегнал на повредите. Телото на починатиот припадник на СВР Куманово предадено е за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Куманово и Основното јавно обвинителство кое соопшти дека напаѓачот е приведен.

Инаку, лекар од Медицински центар Куманово во повеќе наврати барал асистенција од полицијата при укажување лекарска помош на лицето Е.Б. Истиот подолг период престојувал во психијатриската болница Бардовци во Скопје.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com