HomeДЕНЕШНАЕкономијаПознати цените на новиот оператор Lycamobile

Познати цените на новиот оператор Lycamobile

Новиот виртуелен мобилен оператор Lycamobile ја официјализираше својата веб страна со mk домен и од тука може да се видат сите нивни услуги. Lycamobile ќе се фокусира на понуда на поевтини разговори кон странство бидејќи оперира во голем број на европски земји, како и во САД и Австралија. Сепак, за домашните корисници цените за мобилни услуги не се импресивни и пакетите се доста скапи.

lycamobile paketi

Пакетот Lyca Mini за 479 денари нуди 100 бесплатни минути во национални мрежи, 20 СМС пораки и 500 MB интернет, потоа Lyca Midi за 699 овозможува 100 минути за национални мрежи, 50 СМС пораки и 1 GB интернет додека пак, најскапата претплата од 899 денари ќе донесе 300 минути, 100 национални СМС пораки и 2 GB интернет. Една минута надвор од претплатата чини 1 денар, а 1 СМС пораки чини  дури 15 денари.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com