HomeФЕР ПЛЕЈРакометПознати групите за следната сезона во ЛШ, Вардар доби полесна група, Металург со незгодни противници

Познати групите за следната сезона во ЛШ, Вардар доби полесна група, Металург со незгодни противници

Во Данска се одржа извлекувањето на групите за новата сезона и во машката Лига на шампиони која започнува на 21 септември. Македонскиот шампион доби полесна група од лани во која играше против Барселона, а избегна и екипи како Веспрем ПСЖ и Кил. Вардарци ќе се сретнат со четири противници со кој се сретнаа и лани во групната фаза, тоа се Рајн Некар, Кјелце, Пиг Сегед и Кристијанштад.

За Металург работите ќе бидат потешки, бидејќи ќе се натпреварува во незгодната група Ц во друштво на Ла Риоха, Чековски Медведи и Монпелје.

Група А: Веспрем, Барселона, ПСЖ, Силкеборг, Висла Плок, Фленсбург, Кадетен Шафхаузен и Кил

Група Б: Рајн Некар Левен, Киелце, Вардар, Загреб, Брест Мешков, Пик Сегед, Цеље и Кристијанштад

Група Ц: Натурхаус ла Риоха, Металург, Чековски Медведи, Монпелје, Елверум и квалификант 1

Група Д: Нант, Холстебро, Мотор Запорожје, Бешикташ, Динамо Букурешт и квалификант 2

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com