HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПознатиот музичар склучил договор вреден 80 милиони долари

Познатиот музичар склучил договор вреден 80 милиони долари

Новиот договор на продукциската куќа „Колумбија“ и музичарот Хари Стајлс наводно изнесува дури 80 милиони долари- на младиот Британец претходно од страна на „Епл“ му беше понуден договор во износ од 25 милиони долари за еден албум, но се чини дека после оваа понуда „Колумбија“ значително ја подобрила својата понуда. 22-Годишниот пејач со овој договор стана еден од најплатените изведувачи во светот.

Hari-Stajls-f2

Откако бендот „One Direction“ се растури, зад кој исто така стоеше продукциската куќа „Колумбија“, секој од четирите поранешни членови на овој бенд се посвети на својата индивидуална кариера, додека Зејн Малик веќе има успешен соло албум под назив „Mind of Mine“. Лијам Пејн пишува музика, Луј Томлинсон се обидува да отвори своја сопствена продукциска куќа, додека Најл Хоран отвори агенција за менаџмент.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com