HomeДЕНЕШНАРегионПозната албанска пејачка уапсена на Ќафасан со марихуана

Позната албанска пејачка уапсена на Ќафасан со марихуана

Албанската полиција на граничниот премин Ќафасан, на албанско-македонската граница, кај Струга, ја уапсила познатата албанска пејачка на народна и поп музика, Вјолца Џека. Џека била уапсени при излез од Албанија, откако во нејзината чанта полицијата открила марихуана.

Пејачката со нејзиниот автомобил „мерцедес“ требало да патува во Македонија, најверојатно за настап на свадба, кои во овој период се многуројни, а каде најчесто гостите ги забавуваат албански пејачи, јавија албанските медиуми. Вјолца Џека (41), жителка на селото Камера, кај Фуш Круја, заработила кривична пријава за „производство и продажба на наркотици“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com