HomeФЕР ПЛЕЈРакометПожртвуваниот Миркуловски денес го игра последниот натпревар

Пожртвуваниот Миркуловски денес го игра последниот натпревар

Филип Миркуловски кој беше еден од најпожртвуваните играчи во сите дуели за македонската ракометна репрезентација денес ќе го одигра последниот натпревар и ќе се прости од националниот дрес.

„Драги мои фанови, почитувачи на македонскиот ракомет, би сакал со сите Вас да споделам дека во среда на 15 јуни го играм последниот натпревар за мојата земја. Изминативе 15 години кои ги посветив на македонскиот ракомет беа незаменливо искуство и гордост со кои ги бранев боите на мојата земја со секоја капка пот, со секој атом енергија, примен удар, шут, пораз, победа, радост, со многу љубов и заложба. Воедно огромна благодарност за сета подршка и љубов, пред се од моето семејство, како и за извонредната соработка со сите гарнитури на управата на РФМ. Се надевам дема ќе ме подржите во мојата одлука и дека во среда заедно ќе го проследиме мојот последен натпревар за кој ќе се заложам по добро да го запаметиме. Желба ми е на генерациите што доаѓаат да им оставам простор да покажат и допринесат за македонскиот ракомет за кој се надевам јас успеав да бидам добар пример. Со срце на терен! За Македонија“ соопшти Миркуловски.

Денес се игра реванш натпреварот против Чешка за пласман на Светско првенство во 20 часот во салата Борис Трајковски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com