HomeДЕНЕШНАРепубликаПожар во Битолското село Лавци

Пожар во Битолското село Лавци

Попладнево над битолското село Лавци избувна шумски пожар. Градоначалникот на Битола, Владимир Талески на попладневната средба со новинарите рече дека гаснењето и локализирањето на пожарот го отежнува силниот ветер кој во текот на денот континуирано дува.

Градоначалникот Талески кажа дека е информиран од Територијалната против пожарна единица дека екипите се наоѓаат на терен и дејствуваат.

Инаку, опожарена е нискостеблеста шума на површина од околу 3 до 4 хектари.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com