HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПодгответе се, наскоро Скопје ќе биде во духот на OFFest 2016

Подгответе се, наскоро Скопје ќе биде во духот на OFFest 2016

Четири фестивалски денови, почнувајќи од 27-ми маj (петок) ќе го красат овогодинешното 15-то издание на OFFEst 2016. Во агендата се предвидени седум концертни настани, а фестивалот ќе го отворат чешката пејачка и виолинистка Ива Битова со соло концерт во кино „Фросина“ како и  францускиот бенд Сен Жермен алијас Лудовик Навар кој воедно ќе го промовира својот нов албум во Метрополис арената.

Во сабота, 28-ми,  ќе настапат Саул Вилијамс од Лос Анџелес, поет, рапер и хип-хоп изведувач и бендот Батида на диџејот Педро Кокенао од Ангола во dancing-халата во МКЦ. В недела е најавен настап на африкански состав „Пет Томас и Квашибу ареа бенд“, пред кој пак публиката ќе може да го погледне документарниот филм „Who Is Highlife?“, за музичката сцена во Гана, а на последниот предвиден ден  ќе настапат познатата бразилска пејачка и гитаристка Бади Асад и италијанскиот бенд „Канцониере Греканико Салентино“ кој ги следи традициите на т.н. таранта од јужна Италија.

Инаку,  во сите фестивалски денови во галеријата на МКЦ ќе има мултимедијална изложба за сите гостувања во изминатите 14 изданија на фестивалот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com