HomeДЕНЕШНАСветПогубени 250 жени од страна на џихадистите, одбиле да бидат сексуални робинки

Погубени 250 жени од страна на џихадистите, одбиле да бидат сексуални робинки

Властите на курдскиот автономен регион објавија дека екстремната сунитска организација Исламска држава погубила во вториот по големина ирачки град Мосул кој е речиси две години под нејзина контрола, погубила 250 жени кои одбиле да им станат сексуални робинки на џихадистите.

Саед Мамузини, портпаролот на Курдистанската демократска партија (KDP) изјави дека На сите жртви им било наредено да прифатат „привремени бракови“ со џихадистите на Исламската држава во северниот дел од Ирак.

Но, кога тие го одбиле предлогот на терористичките водачи во Мосул, тие биле брутално егзекутирани, во некои случаи заедно со нивните семејства, го цитира курдскиот портпарол британскиот дневен весник Daily Mail.

Мамузини за иранската новинска агенција AhlulBayt, потврдил дека најмалку 250 жени се досега егзекутирани од страна на Исламската држава во градот откако ја одбиле нејзината практика да станат сексуални робинки, а некои девојки биле ликвидирани заедно со нивните семејства, поради самото одбивање.

Друго претставник на Патриотската унија на Курдистан, Ѓајас Сурчи, кажал дека на жените им било забрането сами да се движат во Мосул и не им е дозволено самите да ги избираат сопружниците.

И претходно изминатите две години имаше извештаи дека Исламската држава врши злосторства против човештвото принудувајќи ги жените на окупираните територии, особено оние од друга конфесија, да стануваат сексуални робинки на џихадистичките борци.

Портпаролката на Ирачката опсерваторија за заштита на злоставуваните жени Хана Навафили,кажа за арапската агенцијата al-Maalomah, дека на 18-ти јули 2015 година, џихадистите на Исламската држава групно силувале седум жителки на Фалуџа, а потоа ги заклале.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com