HomeДЕНЕШНАСветПоголемиот дел од Германците ја поддржуваат идејата за забрана за носење бурки

Поголемиот дел од Германците ја поддржуваат идејата за забрана за носење бурки

Поголемиот дел од Германците ја поддржуваат барем делумната забрана за покривање на лицето кое го практикуваат муслиманките, покажуваат денес резултатите од објавеното истражување. Конзервативните министри за внатрешни работи во германските региони од Христијанско-демократската унија на Ангела Меркел, минатиот месец предложиле забрана за носење на бурки и други марами кои го покриваат лицето во јавните училишта, на судовите, при возење и во некои други ситуации.

Министерот за внатрешни работи Томас де Мезијер изјави дека не е за потполна забрана за носење на бурки, наведувајќи дека овој предлог би се судрил со некои уставни пречки. Истражувањето во кое во вторникот и средата телефонски биле испитани 1.008 лица покажало дека 51 отсто од Германците ја поддржува потполната забрана, а 30 одсто делумната забрана за носење на бурки. Против било каква забрана се изјасниле 15 отсто од испитаниците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com