HomeРЕФЛЕКТОРФилмПогледнете ги трејлерите за најдобрите филмови кои ги очекуваме!

Погледнете ги трејлерите за најдобрите филмови кои ги очекуваме!

„Комик Кон“, еден од најголемите фестивали на поп културата во Сан Диего, од година во година станува попопуларен настан, а „нерд“ културата се повеќе преминува во доменот на културата. Како и секогаш, така и оваа година публиката можеше да види многу трејлери кои ги најавуваат идните филмски хитови.

Еден од филмовите кои со големо нетрпение се очекува да излезе е секако филмот „Wonder Woman“, за кој неодамна излезе и официјалниот трејлер, а премиерата на филмот е планирана за 2 јуни 2017 година.

Ворнер броз вчера го претставил и трејлерот за римејк на Кинг Конг, во кој главните улоги ги толкуваат Том Хидлстон, Бри Ларсон и Џон Гудман. „Kong: Skull Island“ во светските кино-сали се очекува да започне да се прикажува од 10 март 2017 година.

„Suicide Squad“ ќе се појави во кино-салите на 5 август, кога ќе ја видиме Џерард Лето во улогата на Џокер, Маргот Роби како Харли Квин, Вил Смит како Дедшот, како и Бен Афлек, повторно во улогата на Бетмен.

После филмот „Batman vs Superman“ кој прими многу негативни критики и беше прогласен за најдобар најлош филм за 2016 година, беше претствен и трејлерот за новиот филм н Зак Снајдер- „Justice League“, кој публиката ќе може да го види во ноември 2017 година.

После тизерот кој беше објавен во април следува и прв полн трејлер за филмот на Марвел „Doctor Strange“. Во главната улога ќе го гледаме Бенедикт Кембербач, а филмот ќе започне да се прикажува од 4 ноември 2016 година.

Неодамна се појави и последниот трејлер за „The Lego Batman Movie“, во кој внимението овој пат беше свртено кон Робин. Филмот во кино-салите ширум САД ќе се појави на 10 февруари 2017 година.

Како што беше и ветено, компанијата Ворнер брос го објави првиот тизер трејлер за филмот „King Arthur: Legend of the Sword“, кој е под режија на Гај Ричи.

Премиерата на филмот е закажана за 24 март 2017 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com