HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПогба во Јунајтед, Стоунс во Сити, не очекува пеколна битка за титулата во Англија!

Погба во Јунајтед, Стоунс во Сити, не очекува пеколна битка за титулата во Англија!

Една од најголемите трансфер саги за ова лето конечно се заврши, Пол Погба синоќа и официјално беше претставен во Манчестер Јунајтед. Овој трансфер влезе во историјата како најскап трансфер вреден 105 милиони евра плус бонуси. 23- Годишниот фудбалер стави потпис на петгодишен договор со „Ѓаволите“, со опција за дополнително продолжување на соработката.

„Пресреќен сум што се вратив во Јунајтед. Ова од секогаш беше клуб со посебно место во моето срце и навистина со големо нетрпение ја очекувам соработката со Мурињо. Носам одлични спомени од Јувентус, каде стекнав и пријатели, но почувствував дека ова е вистинското време за да се вратам во Манчестер“, изјави Погба кој од наредната сезона ќе го носи дресот со број 6.

pogba

Од друга страна не „спијат“ ниту ривалите, Манчестер Сити го обезбеди потписот на одличниот дефанзивец на Евертон Џон Стоунс. „Граѓаните“ платија 42 милиони фунти плус бонуси за овој централен дефанзивец кој потпиша договор на шест години. Станува збор за дефанзивец кој беше на мета на Челси, но Сити беше побрз и поконкретен, па овој 22-годишен фудбалер од денес е нов член на Сити.

13886397_10157369814520455_8085268014063164874_n

Јунајтед и Сити значително се засилија за предстоечката сезона а со Мурињо, односно Пеп на клупата на овие градски ривали сигурно не очекува голема битка за титулата. Не треба да ги заборавиме ниту Челси, Арсенал, Лестер, Ливерпул па ниту Тотетнхем кои сигурно со сите сите ќе ја нападнат шампионската титула.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com