HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно со одземени ингеренции: Спасовски и Ременски пред напуштање на Владата

Повторно со одземени ингеренции: Спасовски и Ременски пред напуштање на Владата

Владата повторно му ги одзеде сите ингеренции на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а ваквата одлука според СДСМ била донесена на итна седница на Владата.

Оваа одлука ги укинува двата правилници кои Спасовски ги донесе минатиот понеделник, односно на 11-ти април, затоа што Владата смета дека се поврзани со избори, а немале потпис од дополнителниот заменик министер, Митко Чавков. Сега според лидерот на СДСМ, Спасовски не може да донесе нови решенија, бидејќи официјално е предизборен период, па Заев вели дека кога одлуката на Владата ќе биде официјална министрите на СДСМ ќе го прекинат одењето во министерствата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com