HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПовредено 8 годишно дете со воздушна пушка во Кавадарци

Повредено 8 годишно дете со воздушна пушка во Кавадарци

 

Портапролот на СВР Велес Анита Стојковска потврди дека дете на возраст од 8 години е повредено со оружје  во селото Бегниште, Кавадаречко

-„Во 12 часот и 30 минути во полициската станица од општа надлежност во Кавадарци, било пријавено од страна на доктор во Итна медицинска помош, дека во кавадаречкото село Бегниште има повредено дете родено 2007 година и дека повредата е од оружје, кажа портпаролката.“

Според доктор Дано Кулев, началник на хируршкото одделение при општата болница во Кавадарци, станува збор за повреда со сачма од воздушна пушка.

-„Според првичните сознанија до кои дојдовме како медицински лица, детето си играло и во еден момент кога се завртело со главата, почувствувало јака болка во пределот над левата ушна школка. Почувствувало исто така и крварење и веднаш со брза помош беше донесено во нашата болница. Веднаш ја извадивме сачмата од неговото тело, кажа Кулев кој е специјалист по хирургија.

Детето се наоѓа вон животна опасност и му била укажана медицинска помош.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com