HomeДЕНЕШНАСветПовеќе од 43 милиони долари за кампањата на Трамп

Повеќе од 43 милиони долари за кампањата на Трамп

Републиканскиот претседателски кандидат, Доналд Трамп во својата предизборна кампања досега вложил повеќе од 43 милиони долари, покажа најновиот финансиски извештај.

Тој во април вложил повеќе од 7,5 милиони долари сопствени пари во својата претседателска кампања.

Трамп, кој порази 16 свои републикански соперници, повеќето од парите ги вложил од сопствениот џеб.

Тој сепак говореше и за донации од околу 1,7 милиони долари минатиот месец. Тие средства се собрани претежно со купување на неговите предизборни сувенири, вклучувајќи црвени капи со написот „Да ја направиме Америка повторно голема“ и преку онлајн донации на сајтот за неговата предизборна кампања.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com