HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПовеќе нема дилеми, Јуве доведува уште еден ас бесплатно!

Повеќе нема дилеми, Јуве доведува уште еден ас бесплатно!

Везистот кој ова лето беше на чекор од премин во редовите на „Бјанконерите“, наредното лето ќе пристигне како слободен агент. Од Апенините пристигнува веста дека Аксел Витсел одбил да потпише нов договор со Зенит. Тоа значи дека тој после завршувањето на оваа сезона ќе биде слободен играч и ќе може да премине во редовите на Јувентус без „Старата дама“ да мора да плаќа за неговите услуги.

Русите се коцкаа и лошо ја проценија ситуацијата, Јуве им нудеше 18 милиони евра, плус три милиони евра како дополнителни бонуси за услугите на белгискиот репрезентативец. Зенит ја одби таа понуда, па сега ќе останат со празни раци за играчот за кој потрошија голема сума на пари (40 милиони евра) за да го доведат од Бенфика во 2012 година.

Бепе Марота повторно ќе направи уште еден одличен потег со тоа што ќе донесе класа засилување и звучно име бесплатно и во тој сегмен е дефинитвно најдобар во фудбалот.

vitsel

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com