HomeДЕНЕШНАСкопјеПовеќе делови на Скопје и утре електрична енергија

Повеќе делови на Скопје и утре електрична енергија

Без електрична енергија утре од 8:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците од село Брњарци во општина Гази Баба, како и дел од корисниците на улиците „Михаил Чаков“ и „Петар Дељан“ во општина Кисела Вода.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот е поради технички зафати.

Од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе биде и дел од улица „Македонија“ кај кафе Драма на бр. 27, во  општина Центар, додека без електрична енергија од 8:30 до 12:30 часот ќе останат и корисниците од дел од улиците „Мишко Михајловски“ и „345“ во општина Кисела Вода.

Без струја од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат корисниците во Бардовци и дел од улиците 6 и 8 во општина Карпош, како и корисниците од село Батинци, дел од населено место Лубош во општина Студеничани.

Од 9:30 до 15.00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од село Долно Арнаќија во општина Сарај, а од 9:00 до 15.00 часот корисниците на улиците „Нов Живот“, „Виничка“, „Вашинтонска“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари.

Без струја утре од 11:00 до 13.30 часот ќе останат и корисниците од село Марино,  Бела Земја до Млин Кадино и Мак Инвест во општина Илинден.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com