HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПобеда на Милан на дебито на Броки

Победа на Милан на дебито на Броки

Getty Images

Фудбалерите на Милан ја добија Сампдорија во Џенова со минимален резултат во 33 коло од Серија А. Милан го оствари овој триумф на дебито на новиот тренер Кристијан Броки, кој во вторникот беше промовиран како замена за отпуштениот Синиша Михајловиќ. Со оваа победа Милан ја прекина серијата на лоши резултати, бидејќи претходно беше пет натпревари без победа, па сега се наоѓа на шестата позиција на табелата со 52 поени и го чека голема борба за пласман во Лига Европа следната сезона.

Сампдорија се наоѓа на 15 позиција со 36 освоени поени. Двете екипи пропуштија доста шанси во првото полувреме, а на домаќините и беше поништен и погодок поради офсајд. Најопасен по голот на Сампдорија беше Карлос Бака, кој не успеа да ја затресе мрежата се до 71 минута од натпреварот кога го постигна победничкиот гол.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com