HomeДЕНЕШНАПолитикаПленумот ќе излезе на протест и најави кривични пријави

Пленумот ќе излезе на протест и најави кривични пријави

Студентскиот пленум упати повик во 19 часот секој кој сака да им изрази поддршка за досегашните активности да им се придружи на протестот кој ќе се одржи пред канцеларијата на СПУКМ во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу.

Исто така најавија дека ќе поднесат и кривични пријави за сите изборни нерегуларност во текот на вчерашниот ден кога кутиите со гласачкиот материјал панично беа преместени од факултетите, а интервенираше и специјалната полиција.

student povereden

„Вчера бевме сведоци на фијаското на Студентскиот парламент при УКИМ кој оддржа избори за студентски претседател вон академскиот календар на универзитетот, без паравани за гласање, присуство на лица кои не се студенти, без обновен печат, без студентски листи, ниту пак обежани ливчиња. Дополнително обременети со бојкот од студентите, наместо да ги поништат изборите, СПУКМ ги грабна кутиите и се даде во бег! И покрај нашето право да добиеме одговори, добивме само безмилосно газење од страна на ЕБР, добивме насилно влечење од просторот кој ни припаѓа нам! Од универзитетот добивме само молк“, се вели во соопштението на Студентскиот пленум.

Поднесоци ќе има и за сите повредени студенти кои настрадаа при акцијата на ЕБР која ги размести од мирниот протест пред СПУКМ за што има доволно видео докази.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com