HomeСТУДЕНТУМПленумот бара и поништување на изборот за Ректор

Пленумот бара и поништување на изборот за Ректор

Студентскиот пленум побара поништување на досегашната постапка за избор на Ректор на УКИМ бидејќи студентските преставници во универзитетските тела се нелигитимни и не го одразуваа целосниот корпус на студенти.

– Во моменталните тела на Универзитетот седат претставници на студенти со истечени мандати. Ако изборите на ректор во УКИМ се одржат додека постои нелегален Студентски парламент истите се невалидни и донесената одлука ќе биде гласана од членови на Ректорската управа и Сенат без легитимитет да го даваат својот глас за избор на Ректор. Според член 100 од Статутот на УКИМ, Сенатот го сочинуваат претставници од студентите, избрани од Студентскиот парламент на Универзитетот. За тие да се изберат, мора прво да има избори на сите матични факултети, од таму да се делегираат претставници на Собранието на СПУКМ, па потоа собранието на СПУКМ да изгласа кои студенти ќе бидат претставници во Сенатот на УКИМ, бараат од Студентски пленум.

Досегашните избори на универзитетите минуваа мирно без голем интерес кај самите студенти да се вклучат во процесите сметајќи дека однапред се наместени преку политички и партиски влијанија, па затоа за Студентскиот пленум да ги реализира своите барања мора да вклучи што е поголем број на студенти кои активно ќе решаваат за своите претставници и одлуки во Сенатот.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com