HomeДЕНЕШНАРепубликаПлатете Радиодифузна – УЈП ќе ви испрати извршител

Платете Радиодифузна – УЈП ќе ви испрати извршител

УЈП јавно ја објави листата која е достапна и на нивната веб страна на која се наоѓаат над 80 илјади должници, односно лица кои не платиле радиодифузна такса. Сега е поставен и рок до 13 септември кога граѓаните ќе можат да ги подигнат решенијата за принудно наплаќање на радиодифузната такса.

Лицата кои ја немаат подмирено радиодифузнататакса и се наоѓаат на следната листа http://www.ujp.gov.mk/mk/otvoreni_povici, се повикуваат најдоцна до 13 септември 2016 година да ги подигнат решенијата за присилна наплата на радиодифузна такса во просториите на УЈП, во надлежната Регионална дирекција (според место на живеење), секој работен ден од 08:30 до 18:00 часот и сабота од 08:30 до 14:00 часот.

„Доколку обврзникот има извршено уплати на радиодифузна такса во периодот од опомената/известувањето до изготвување на Решението за присилна наплата, потребно е да приложи докази при приемот на Решението, како би можел даночниот орган да ги земе во предвид и да спроведе правилна постапка на присилна наплата“ соопшти УЈП.

Доколку долгот за радиодифузна такса не биде платена навреме следува и присилна наплата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com