HomeДЕНЕШНАПолитикаПланираниот протестен марш почна од пред СЈО , демонстрантите се упатуваат кон Канцеларијата на Иванов

Планираниот протестен марш почна од пред СЈО , демонстрантите се упатуваат кон Канцеларијата на Иванов

Започна планираниот протестен марш, прво демонстрантите се собраа пред зградата на Специјалното јавно обвинителство. Ова е втор ден како граѓаните се собираат. Пред зградата се задржаа околу еден час, а потоа го започнаа својот протестен марш против одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите.

Граѓаните се собраа пред СЈО на протест кој претходно спонтано го организираа на социјалните мрежи, со цел да дадат поддршка за работата на СЈО.

„Нема правда, нема мир“, СЈО, СЈО“ и „Робија за криминалците!“ се најчестите зборови кои се слушнаа пред еден час пред канцеларијата на СЈО. Граѓаните изреволтирани од вчерашната одлука на претседателот Иванов со која ги помилува политичарите од гонење без спроведување на постапката се собираат во се поголем број.

Опозицијата исто така беше присутна, а забележителен беше и Лидерот на Достоинство Стојанче Ангелов. На маршот имаше професори од Правниот факултет, а и многу други јавни личности. Сите заедно со граѓаните се упатија кон рекорд, поточно кон канцеларијата на сегашниот Претседател Ѓорге Иванов, а во меѓувреме, пред Собранието се собираат други граѓани на контра-протест поради одлуката на Иванов да го помилува лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com