HomeАЈНШТАЈНИЈААтомПланетата го губи кислородот, глобалното затоплување зема данок

Планетата го губи кислородот, глобалното затоплување зема данок

Една нова студија го привлекува вниманието кон широко распространето губење на кислородот до 2030 и 2040 година, што значи дека морскиот живот ќе се соочи со тешки времиња во децениите пред нас и сето тоа благодарение на климатските промени. Тимот научници кои ја подготвија оваа студија исто истакнува дека во Пацифкот има одредени региони каде овој феномен секојдневно е забележлив. Нивота на кислород исто се соочуваат со природни флуктуации и понекогаш научниците не се во состојба јасно да разграничат дали опаѓањето на нивота на кислород е заради климатските промени или се природен феномен.

Кислородот игра важна улога во животот на морските суштества. Кислородот го создаваат фитопланктоните или доаѓа во океаните од атмосферата. Заради глобалното загревање, помали количини кислород навлегуваат под површината на водата и им отежнува на животните во морето да преживеат, ни открива студијата која ја предводеше океанографот Метју Лонг.

И во водите крај Западната обала е забележан овој феномен. Западно од Лос Анџелес загрозениот вид камена риба лови во коралите. Хранливите елементи, кои ги создаваат растенијата кои може оваа риба да ги јаде, водата ги изнесува на брегот помеѓу Каналските острови од студената водена струја. Во 90-ите години од минатиот век, беше донесена одлука да се заштит бројноста на камените риби која живее крај јужната обала на Калифорнија. Сега, оваа студија открива дека глобалното загревање предизвикано од човекот е штетно за рибите. Додека расте температурата на планетата, истовремено се загреваат и морињата. Како резултат на тоа, опаѓаат нивоата на кислород во длабочините на морињата, а тоа им отежнува на морските животни кои живеат во длабочините да дишат.

-Важноста од губењето на кислородот беше занемарувано или незабележано од океанографите, вели Лиза Левин, професор во Институцијата за океанографија Стрипс.

Истражувањето на Левин покажа дека опаѓањето на нивоата на кислород влијае на популацијата на црви, школки и бројни други суштества од Западната обала, кои се плен на камените риби.
Iceberg-Breaking-Slowing-Global-Warming
Во океаните кои се загреваат, морските суштества користат повеќе кислород, но во последно време тие не го добиваа во доволни количини. Во новата студија се предвидува дека ако глобалното загревање продолжи, нивоата на кислород ќе бидат редуцирани во многу морски региони.

Според извештај од Babwnews од Сем Катерман, „според извештај од Саентифик америкен, новата студија открива дека една од најважните состојки за животот во океаните опасно опаѓа – кислородот растворен во водата. Научникот Куртис Дојч, вонреден професор во Школата за океанографија при Универзитетот во Вашингтон, предупредува дека опаѓањето на нивоата од кислород во водите може да предизвика дополнителен стрес за бројни морски видови“.

Студијата исто така открива дека нивоата на кислород опаѓаат и во јужниот Индиски Океан и во делови од источниот тропски Пацифик, но и во Атланскиот Океан. Другите региони со поладна вода нема да доживеат опасни промени се до 2100 година.

-Овој феномен стана проблематичен затоа што големи региони од океаните во светот се сега поопасни за морскиот живот отколку било кога претходно. Ова може да се забележи кај рибите кои живеат длабоко во морињата, како што се марлин или сејлфиш, кои сега повеќе сакаат да останат блиску до површината на океаните и покрај тоа што е познато дека тие традиционално ловат храна во големите длабочини, стои во новиот извештај кој го објави Тектајмс.

Истражувачите се загрижени дека овој феномен може повеќе да влијае отколку закиселувањето на морињата, или пак од самото глобалното загревање. Тоа може да создаде големи промени за тоа каде и што јадат морските организми, па дури да влијае и за тоа кое од овие суштества ќе живее или ќе изумре.

Во извештајот кој го објави Саентифик америкен стои дека „Куртис Дојч, вонреден професор во Школата за океанографија при Универзитетот во Вашингтон, истражува како порастото на глобалните температури влијае врз нивоата на растворениот кислород во океаните низ светот. Научниците веќе предупредија дека опаѓањето на количните од достапен кислород ќе го зголеми стресот кај бројни видови, иако тие веќе се соочуваат со ефектите од повисоките температури и окиселувањето на океаните“.

Тие откриле дека е можно да се направи разлика на влијанието од глобалното загревање од другите извори кои го предизвикуваат губењето на кислородот. До 2030 или 2040, опаѓањето на нивоата на кислород предивикани од климатските промени ќе бидат забележливо во океаните по целата планета. На некои места, како во јужниот Индиски океан и делови од источниот тропски Пацифик и во басенот на Атлантикот, доказите за деоксизација поврзана со климатските промени се веќе очигледи, додека во другите региони нема да се забележат промени се до 2100 година.

perfscience.com

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com