HomeДЕНЕШНАСветПијана девојка од Полска родила пијано бебе со 1.7 промили алкохол

Пијана девојка од Полска родила пијано бебе со 1.7 промили алкохол

Пијана девојка од Полска која на Островот Вјелкополск, во централна Полска, во својот дом пред време родила бебе со 1.7 промили алкохол во крвта, а потоа го оставила бебето и побегнала од болницата, дело за кое сега и се заканува пет години затворска казна. Полицијата без успех го бара и таткото на детето. Оваа 32-годишна девојка минатата недела се породила во својот дома потполно пијана и не повикала доктори иако бебето предвреме се родило.

Сепак, комшиите го слушнале плачот на новороденчето и ја повикале брзата помош која и бебето и мајката веднаш ги однела во болница. Во крвта на мајката биле измерени 3.5 промили алкохол, а во крвта на бебето 1.7 промили алкохол. Штом девојката малку отрезнала таа по своја иницијатива ја напуштила болницата и од тогаш таа и таткото не можат да бидат пронајдени од страна на обвинителството, а не се ни појавиле да ја посетат својата ќерка во болницата.

„За кривично дело ставање на детето во животна опасност на мајката и се заканува пет години затворска казна“, изјави портпаролот на јавното обвинителство од Островот Марџин Кубјак. Судот треба да одлучи дали ќе и го одземе детето на мајката и ќе го предаде на посвоители, штом докторите ќе соопштат дека детето може да ја напушти болницата. Токму поради загрозување на животот на своите деца судот веќе два пати и одземал два сина на оваа мајка, едниот кој е сега 11 години, а другиот две години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com