HomeДЕНЕШНАСветПисмото на Кристофер Колумбо од 15 век вратено во Италија

Писмото на Кристофер Колумбо од 15 век вратено во Италија

Писмото од 15 век, во кое детално е опишано патувањето на Кристофер Колумбо во Америка, вратено е денес во Италија, стои во соопштението на властите во САД. На свечената церемонија во Рим и формално е вратен историскиот документ кој првично бил украден, а во 2004 година бил предаден на Конгресната библиотека.

Американските власти соопштиле дека во 2012 година специјални агенти од Оделението за истрага и национална безбедност примиле дојава дека писмото на Колумбо било украдено од библиотеката во Фиренца и истата била заменета со фалсификат.

Писмо

Украденото писмо за среќа било пронајдено благодарејќи на заедничката истрага која била водена од страна на властите во Италија и Соединетите Американски Држави.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com