HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураПирејот на Петре М. Андреевски се слави по 10 пати

Пирејот на Петре М. Андреевски се слави по 10 пати

Во селото Слоештица денеска по 10-ти пат ќе се одржи манифестацијата Славење на пирејот по повод 10 години од смртта на Петре М. Андреевски.

Организатори на манифестцијата се Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој „Арт Поинт – Гумно“ и продукциската куќа „ЕНОХ“, кои како програмска водилка ја избраа песната „Лицето на зборовите“,

Во рамки на манифестацијата ќе се одржи промоција на модната ревија на престилки дизајнирани од германската уметница Герлинде Пистнер. Ќе следува музички перформанс на младата вокалистка со уметничко име Ева Гордон која потекнува од Демир Хисар и е дел од проектот Перија, а завршниот збор ќе го има претставата „Слојчки сказанија“ работена според приказните на дедо Илија Кочовски. Премиерата воедно го означува и отворањето на народниот театар Слојштица.

Манифестацијата делумно е поддржана од Министерството за култура и Општина Демир Хисар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com