HomeДЕНЕШНАРепублика„Пираните“ го зголемија риболовот во Дојранско езеро

„Пираните“ го зголемија риболовот во Дојранско езеро

Последните десетина дена бројот на издадени дневни дозволи за рекреативен риболов во Дојранското езеро се зголемил за околу 200 отсто ,вели концесионерот Илчо Парчев.

Според него, веста за појава на пирани во езерото го зголемила интересот кај спортските риболовци.

– Сите сакаат да ја фатат оваа необична риба и самите да се уверат дали таа постои во езерото или не. На Дојран веќе ништо не може да му наштети бидејќи се гледа оти работите се наместени, вели Парчев, кој уверува дека и покрај секојдневното поставување мрежи низ целото езеро досега нема улов на риба што не е автохтона за ова поднебје и нема нови примероци на пирана.

Истото го потврдуваат и рибарите кои секојдневно се на брегот на Дојранското езеро и чекаат да уловат некоја невообичаена риба, но на крај денот го завршуваат со улов на црвеноперка, костреж, крап и сом односно со рибите карактеристични за езерото.

Концесионерот нагласи дека покрај двата примероци на пирани кои се испратени на генетско истражување, деноноќниот мониторинг на езерото не потврдил присутво на озлогласената риба.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com