HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПинк напишала песна за Селин Дион

Пинк напишала песна за Селин Дион

Со цел да се избори со големата тага поради губитокот на својот сопруг Рене Анжелил, Селин Дион се посвети на работа. После песната „Encore Un Soir“, која ја посветила на мажот, сега на ред дојде нумерата која на пејачката ѕвезда ќе и помогне „да продолжи понатаму“. Колешката Пинк пристигнала на помош и настанала нумерата „Recovering“.

Канадската пејачка ги предупредила обожавателите да се подготват за емотивна нумера. Песната ја напишала американската пејачка Пинк за колешката која страда после смртта на својот сопруг.

„Кога ја видов на доделувањето на музичките награди и реков дека ми е потребна песна која ќе ми помогне да продолжам понатаму“, објасни Селин Дион. Сега кога резултатот е пред публиката, јасно е дека Селин се бори со силни емоции. Признавајќи дека снимањето на песната и помогнало после смртта на нејзниот сопруг, пејачката нагласи дека Пинк не прекинува да ја воодушевува: „Таа е феноменална. Ја обожавам поради нејзиниот талент, сила, неверојатен фокус“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com