HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПинк и Кени Чесни во нов спот

Пинк и Кени Чесни во нов спот

Популарната пејачка неколку месеци вредно работи на новите песни, а додека не биде објавен нејзиниот нов албум, Пинк ги здружи силите со прославениот американски кантри музичар, Кени Чесни, со кој сними романтичен дует. Нумерата ќе се најде на новиот албум на Кени под назив „Cosmic Hallelujah“ кој ќе биде објавен на 28 октомври, a го најавува токму актуелната песна „Setting the World on Fire“.

За најновата соработка меѓу Кени Чесни и Пинк е снимен спот во Лос Анџелес, во кој тие двајцата, всушност не се појавува директно, туку ги гледаме на бројни билборди и реклами. Текстот за нумерата „Setting the World on Fire“ го напишале Рос Коперма, Мет Џенкинсон и Џош Озборн.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com