HomeДЕНЕШНАСветПилотот на египетскиот авион алармирал за чад минути пред да се урне

Пилотот на египетскиот авион алармирал за чад минути пред да се урне

Истрагата за уривањето на авионот на EgyptAir во Средоземното море открива нови детали за алармантниот повик на пилотот кој разговарал со контролата на летање и им пренел дека во неговата кабина и во делот за патниците се шири чад, но од системот за надзор не може да се утврди точната причина.

egyptair flight

Пилотот комуницирал неколку минути со контролата на летање во Египет и ги известил дека ќе изврши итно спуштање на висината по што за кратко се губи контактот и тогаш најверојатно авионот се срушил.

Авионот на летот 804 од Париз до Каиро се урна рано утрото во четвртокот, остатоците беа пронајдени неколку дена подоцна, но се уште не се извлечени податоците од црната кутија. Засега сомнежите се дека авионот претрпел експлозија и тоа може да се забележи од остатоците од телата на патниците, но дали е предизвикана од терористички акт не може да се потврди.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com