HomeАНТИСТРЕСШтосноПилотите откриваат, ова се најтивките седишта во авионот

Пилотите откриваат, ова се најтивките седишта во авионот

Според наводите на пилотите од авиокомпанијата ЏетБлу, можеби не можете да влијаете на плачот на бебињата, но затоа можете да направите нешто за да си обезбедите себе си поголем мир за време на летањето…

Избирањето на седиште во предниот дел од авионската кабина, пред крилото, отприлика е исто како и „стоењето зад звучник“, бидејќи целата бучава што ја произведуваат моторите на авионот оди во просторот зад вашиот грб, вели пилотот Кристијан П.

Седиштата што се наоѓаат на средина на кабината, покрај преминот, исто така, се потивки од седиштата до прозорецот бидејќи во помала мерка се чувствува интензитетот на надворешната бучава.

Сепак, ако сте едни од оние луѓе кои најмногу се загрижуваат поради турбуленцијата, одберете седиште на средината на авионската кабина, имајќи предвид дека тресењето во овој дел од авионот најмалку се чувствува,пишува „Бизнис инсајдер“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com