HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПејачот на „Red hot chili pepers“ заврши во болница

Пејачот на „Red hot chili pepers“ заврши во болница

Ентони Кидс, 53-годишниот пејач на популарната калифорниска рок група „Red hot chili pepers“ бил префрлен во болница, поради што неговата група била принудена да го откаже закажаниот настап во Ирвин во Калифорнија. Оваа информација најпрво беше објавена од еден американски канал, за потоа истото да го потврдат и организаторите на планираниот настап на групата.

Според досегашните информации причината поради која пејачот на „Red hot chili pepers“ бил префрлен во болница се уште не е позната. Бендот, познат во светот по своите хитови како што се „Under The Bridge“, „Californication“ и уште многу други, е основан во Лос Анџелес на чело со Ентони Кидс.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com