HomeДЕНЕШНАСкопјеПешачките патеки на Водно ќе бидат обележани со еколошки пораки

Пешачките патеки на Водно ќе бидат обележани со еколошки пораки

„Пакомак“ ќе инвестира во парк-шумата Водно, ќе ги обележи пешачките патеки, а на нив ќе постави еколошки пораки, со цел да ги потсетуваат посетителите да се грижат за животната средина – пишува Утрински. Инвестицијата за овој проект на „Пакомак“, всушност, е паричната награда што компанијата ја доби од Град Скопје за најеколошка компанија. Таа во случајов ќе биде удвоена.

„Пакомак“ доби награда за најеколошка компанија за проектот „3Д интерактивна обука за ученици и наставен кадар – 3Д екобус“ на традиционалниот градски конкурс кој е дел од манифестацијата „Денови на пролетта – денови на екологијата“.

Проектот има едукативна цел насочена кон подигање на еко-свеста на учениците и активирање на младите генерации во рециклирачката мисија која се води на глобално ниво. Проектот се реализираше преку интерактивна 3Д-обука со предавање, проекција на 3Д-филм и интерактивна игра-тест на над 49.000 деца.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com