HomeДЕНЕШНАСкопјеПет објекти во Скопската чаршија ќе блеснат со реновирани фасади

Пет објекти во Скопската чаршија ќе блеснат со реновирани фасади

Пет објекти во Старата скопска чаршија ќе добијат обновување на фасадите во рамки на проектот на Министерството за култура за реставрација на староградската архитектура. Една од нив е веќе завршена, а втората на која интензивно работат ќе биде готова за два месеца.

elizabeta kanceska mileska

„Ќе се отпочне уште на две фасади за кои тендерската процедура е во завршна фаза, а последната, петта фасада за оваа година, е фасадата на црквата „Св. Спас“ каде што е сместен и Конзерваторскиот центар. Оваа година, исто така, институцијата е задолжена да изработи и проекти за нови пет фасади. Обновата на фасадите во старите градски јадра е крупен проект на Владата и Министерството за култура кој сe планира до крајот на 2018 година да биде целосно завршен. Верувам дека за сите занаетчии и дуќанџии кои работат тука, од огромна важност е обновата на фасадите и задржувањето на архитектонскиот стил на чаршијата, изјави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

Според предвидената динамика за реализација од страна на Конзерваторскиот центар, годишно има по пет реконструкции на објекти. Обновата на фасадите и сите други досега реализирани проекти овозможија целосна ревитализација на Старата Скопска Чаршија и го вратија нејзиниот дух, па подолго време е омилено место за младите и пред се странските туристи.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com