HomeДЕНЕШНАСветПет милиони гладни во јужен Судан

Пет милиони гладни во јужен Судан

За речиси пет милиони луѓе во јужен Судан е потребна помош во исхраната, соопштиле Обединетите Нации. Организациите за храна ОН и земјоделство ФАО соопштија дека „ситуацијата набргу би можела да стане катастрофална“, доколку не се обезбеди стабилност која ќе ја овозможи продолжувањето на земјоделската дејност.

Количини со храна вредни околу 30 милиони долари биле украдени од магацинот на агенцијата за Обединети нации за време на конфликтот меѓу владата и демонстрантите во јули, која животот го загубиле повеќе стотици луѓе. После тие конфликти, цените на храната во јужен Судан скокнале за 778 отсто.

Јужен Судан, независна држава од 2011 година, ја погоди бран од насилство од 2013 година, кога се случи конфликт меѓу групи лојални на претседателот Салви Киру и поддржувачите на претходниот претседател Рик Машар.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com