HomeДЕНЕШНАСветПет жртви во пожар во близина на стадионот „Франција“

Пет жртви во пожар во близина на стадионот „Франција“

Најмалку пет лица го загубиле животот, а 11 биле повредени во пожар во една станбена зграда во близина на стадионот „Франција“ во Сен Дени, во предградието во Париз. Причината за пожарот се уште не е позната, а според зборовите на министерот за внатрешни работи Бернар Казнев истрагата е во тек.

Портпаролот на пожарникарната служба Ив Бо изјави дека пожарот се наоѓал на степениците во зградата и предупреди дека ќе треба да помине одредено време за да се расчистат последиците. Пожарот се случи неколку дена воочи Европското првенство во фудбал кое започнува во петок, 10 јуни, со натпревар токму на стадионот „Франција“ во Сен Дени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com