HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПет години од последниот настап на Ејми Вајнхаус

Пет години од последниот настап на Ејми Вајнхаус

Пред точно пет години, на 18 јуни 2011 година Ејми го одржа својот последен настап во Калемегдан. Пејачката европската турнеја ја започна со свој настап во Белград, односно скандалот после кој беа откажани сите нејзини концерти додека не и биде подобро. На крајот излезе дека тоа е всушност и нејзиниот последен официјален настап. Публиката тогаш на Калемегдан буквално ја исвирка Ејми, која за време од час и десетина минути од концертот не успеа ниту да запее.

Долгоочекуваниот концерт, буквално се сведе на обидите на Ејми нешто да остане на нозе и нешто да запее, а другите момци од бендот успеваа во одредени моменти да се „извадат“ од ситуацијата со својата одлична свирка. Таа на крајот на вечерта си замина од сцената, оставајќи ги обожавателите без да ги слушнат хитовите за кои и беа присутни на концертот. Ејми покрај музиката беше позната и како алкохоличар, но и фактот дека користеше наркотични средства.

Токму тие пороци доведоа до тоа својот живот да го заврши предвреме и на само 27-годишна возраст да почине после предозирање. За време на својата кратка кариера издаде два албуми „Frank“ и „Back to Black“, а потоа беше објавен и нејзиниот трети албум „Lioness: Hidden Treasures“.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com