HomeДЕНЕШНАПолитикаПетте национални телевизии бараат мониторинг и за порталите

Петте национални телевизии бараат мониторинг и за порталите

Македонската медиумска асоцијација не ја прифаќа новата методологија на Агенцијата за медиуми и правно ќе ја оспори доколку таа не биде повлечена. Во известувањето на асоцијацијата на петте приватни национални телевизии, потпишано од директорите на Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М се вели дека се зачудени, како директорот на Агенцијата за медиуми се става над Собранието и на своја волја го менува Изборниот законик.

Во ММА сметаат дека не држи објаснувањето дека интернет-порталите не може да бидат следени во предизборен период, затоа што Агенцијата не можела да најде начин како да го спроведе мониторингот.

„Затоа што немало законски рамки, ниту правила на игра, ниту како треба да работат интернет-порталите се заклучува дека тие може да објавуваат што сакаат и кога сакаат без да има можност кон нив да биде изречена каква било санкција.
potpisi mma
Наспротив нив, за телевизиите бидејќи работат според законските норми на Република Македонија важат строги правила на мониторинг врз основа на кои можат да бидат етикетирани и казнувани. Почитуван Господин Трајчевски, ова ги доведува телевизиите во дискриминирана позиција во однос на интернет- порталите и дополнително форсира неприфатлива практика оние што работат чисто и според закон да бидат предмет на мониторирање и евентуални казни доколку го повредат законот, а за другите и при повреда на закон, истиот тој да не важи“, се вели во соопштението на ММА.

Петте телевизии сметаат дека ад хок телото дополнително ја исполитизира Агенцијата за медиуми. Според ММА, членовите немаат никаква стручност за мониторинг на медиумите што дополнително ќе им наштети на телевизиите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com